Мало дете остана сираче: Полицијата со детали за кобната сообраќајка кај Удово

Голема трагедија вчера ја потресе Македонија, полицијата денеска излезе со детали. Околу 07 часот на магистралниот патен правец Демир Капија –  село Удово, кај местото викано Св.Петка, се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.С. од Србија и возило„Фиат Сеиченто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Н.П. од Скопје, удриле во Автобус „ЗЕТРА“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ДОО „Струмица Експрес“, а управуван од 60-годишниот Ѓ.В. од Струмица.

За жал, во незгодата на лице место починале возачот на  „Фиат Сеичентото“, Н.П.  и сопатникот Б.П. (31), додека со тешки телесни повреди се здобил нивниот седумгодишен син. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Велес, од каде поради сериозноста на повредите е препратен во Ургентен центар(на КАРИЛ)-Скопје.

 Сопатничката во возилото „Ауди А4“, 37-годишната Н.С. од Германија, се здобила со тешки телесни повреди и е задржана на лекување во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полицијата од Валандово. Од 07.00 до 12.40 часот сообраќајот во двата правци беше во прекин, односно беше пренасочен и се одвиваше од Гевгелија преку Богданци, крстосница Дојранска за Струмица и обратно.

По наредба на Јавен обвинител во полиција задржан е 46-годишниот С.Д. од Србија заради обезбедување негово присуство на постапка која се води за сообраќајната незгода.

 
 
04.08.2016 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега