Голема семејна драма во Кочани - брачен пар итно пренесен во болница

Вчера околу 19:50 часот во Кочани, на улица „9-ти Мај“, четириесет годишниот И.В. додека се движел со неговото возило го пресретнал неговиот брат М.В. (37) кој се нафрлил врз неговото возило, и преку отворениот прозор го фатил И.В по што почнал да го влече за раката со намера да го извади од истото.

Во тој момент И.В. се тргнал со возилото назад и го повлекол М.В. по што тој паднал и се здобил со скршеница на лева нога. Потоа И.В излегол од возилото и настанала меѓусебна расправија во која со повреди во пределот на главата се здобила и сопругата на М.В - Ц. В. (31).

М.В бил пренесен во Болница во Кочани, каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Градската општа болница во Скопје, а Ц.В. била пренесена во Медицинбскиот Центар во Кочани и била задржана на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
02.08.2016 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега