Се пролеа крв на кејот на Крива Река - кумановчанец заработи скршено шише во вратот и градите
Вчера попладне во 17:30 часот дошло до крвава расправија меѓу млад кратовчанец и кумановчанец, дознава Пресс24.
Според информациите до кои дојдовме, инцидентот се случил покрај течението на Крива Река, кога расправијата меѓу Љ.П. (26) и кумановчанецот Д.Ѓ. излегла од контрола. Кратовчанецот Љ.П. со скршено шише го нападнал Д.Ѓ., нанесувајќи му убодни рани во градниот кош и во пределот на вратот. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.