Страотна несреќа: Прегазен пешак во Струмица

Уште една страшна сообраќајка ја потресе Македонија. Во 22 часот и 25 минути на регионалниот пат Струмица-село Вељуса, се случила сообраќајна незгода во која возило „Фолксваген Пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Ј.Д. од селото Добрејци, удрило во пешакот В.М. 61-годишниот пешак од селото Баница со тешки телесни повреди бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.

 
 
01.08.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега