ФОТО: Македонија е бугарска - еве како беше пречекан прмеиерот Груевски во Ќустендил

 

Со транспарент „Македонија е бугарска“ и националистички песни, утрово во Ќустендил, Бугарија, беше пречекана македонската делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, јавува Капитал. Груевски и неговиот колега Пламен Орешарски ги предводат македонскиот и бугарскиот тим на заедничката мини владина седница на која треба да се развиваат добрососедските односи меѓу двете земји. 
Како што објави Капитал, 15тина активисти на партијата на Красимир Каракачанов извадиле транспаренти додека траел официјлниот пречек и сликањето. 
„Македонската делегација пристигна со четириесет минутно задоцнување од официјалниот старт, а премиерот Никола Груевски беше пречекан од неговиот бугарски колега Пламен Орешарски, но и од припадници на бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои со транспаренти во рацете пееја "И претходно и сега, Македонија е бугарска". Иако собраните беа едвај петнаесетина на број, беа доволно гласни во моментот кога Орешарски и неговите министри ги пречекуваа гостите од Македонија и се правеа официјалните фотографии“ - напиша Капитал

ФОТО: Капитал

28.07.2013 - 13:37

најчитано сега