Прилепчанец заврши на скопските клиники - насилници го претепале без причина

 

Вчера во еден часот по полноќ на улицата „Илинденска“ во паркот кај Градскиот саат во Прилеп, неколку засега непознати лица без повод и причина физички нападнале прилепчанец.

Се работи за 28-годишниот Ј.Т. кој насилниците го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата.

Поради сериозноста на поврдите бил веднаш пренесен на скопските Клиники.

Полицијата работи на случајот.

најчитано сега