СДСМ: Владата беше неискрена со граѓаните - зошто Јовановиќ сеуште е на чело на кумановската Пошта?

 

 

СДСМ најостро се спротивстави на скандалозното именување на Миодраг Јовановиќ за директор на кумановска Пошта, станува збор за поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане кој со службен автомобил лани прегази 30-годишен човек и побегна без да му укаже помош.

 ВМРО-ДПМНЕ се согласи со реакцијата на СДСМ и вети дека грешката ќе била поправена.

 Но, само пред неколку дена, со ново решение на Миодраг Јовановиќ му е потврдена раководната позиција во Пошта Куманово.

СДСМ прашува зошто од ВМРО-ДПМНЕ не беа искрени со македонската јавност кога пред две недели се согласија со СДСМ дека Миодраг Јовановиќ, според сите етички норми, не треба да ја извршува функцијата и најавија иницијатива за негова смена?

 Дали ВМРО-ДПМНЕ има контрола врз одлуките на своите коалициски партери?

  Дали за ВМРО-ДПМНЕ e поважнa партиската послушност од моралните норми и правното функционирање на државата.

                                          Имено, да беше Македонија правна држава, Миодраг Јовановиќ ќе беше повикан на одговорност за своето дело лани, а немаше да биде награден во нова функционерска фотеља.

 

Интегрален текст од прес-конференција на СДСМ.

 

 

најчитано сега