Кочанчанец фатен со хероин во своето Ауди
Во текот на минатата недела во Ѓорче Петров бил фатен кочанчанец со хероин.
Се работи за 28-годишниот А.Л. од Кочани кој во моментот кога го сопреле полициските службеници бил во своето возило марка Ауди А6, со скопски регистерски ознаки.
Тој пред да излезе од возилото се обидел да сокрие дека има дрога со себе така што ја земал и полека ја пуштил надвор од возилото, но бил забележан од полицајците.
Дрогата скопјанецот ја купил од бугарски државјанин во Кочани за 1500 евра, а требал да ја предаде на друго лице во Скопје.
Против него ќе биде поднесена соодветна кривична.