Се скарале па го ранил со пиштол - крвава драма во скопско
Утрово во 6 часот во селото Грчец во Скопје по претходна вербална расправија, засега непознато лице со пиштол му нанел прострелна рана во пределот на десната надколеница на 46-годишниот Ј.С. од селото.
Скопјанецот по настанот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата работи на случајот.
ФОТО: Дневник