Богов: Не доаѓа предвид промена на политиката на фиксниот курс на денарот

 

Народната банка на Македонија не ја менува политиката на фиксен курс на денарот, е пораката од конференцијата „Поставеноста на политиките и глобалното окружување: нов консензус од кризата?“.

- Не доаѓа предвид промена на политиката на фиксниот курс на денарот, изјави Димитар Богов, гувернерот на Народната банка.

Со мислењето на Богов се согласи и поранешниот гувернер на НБРМ Љубе Трпески. - Централната банка останува на поддржување на фиксен курс. Сè додека курсот е реален, може да продолжи таквата политика. Оној момент кога ќе се оцени дека придонесува за намалување на извозот и зголемување на увозот може да се размислува за друг пофлексибилен режим, но тоа мора да биде проследено со промена и на монетарната стратегија.

 Уште минатата година донесовме една таква мерка - ослободување од задолжителната резерва на кредитите дадени на извозници и инвестиции во енергетски проекти. Тоа е типична неконвенционална мерка, што значи се вклопуваме во она што се случува и во светот и она што беше сугерирано на последните пролетни средби на ММФ и Светска банка. Секако планираме и во иднина такви мерки. Ќе го оцениме моментот и ќе ја оцениме соодветноста на мерките и можеби ќе имаме нешто такво и понатаму, изјави Богов на конференцијата.

 

најчитано сега