Од утре бесплатни превентивни прегледи во цела Македонија

 

Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом Скопје и Институтот за белодробни заболувања од утре започнува со бесплатните и превентивни прегледи.

Ова на денешната прес-конференција го најави министерот за здравство, Никола Тодоров.

-Сериозно сме посветени на превенцијата која е препорачана од Светската здравствена организација и е тренд во современите здравствени системи. Овие прегледи покрај превенцијата ја подигаат и здравствената култура на населението, рече Тодоров.

Според Јованка Костовска од Секторот за превентивна здравствена заштита населението ги сака овие прегледи, а директорката на Здравствен дом Скопје, Тања Баевска Вучковиќ го потврди нејзиното мислење.

-Покрај базичните лабораториски прегледи ќе се прави и прегледи за хемоглобин, шеќер, холестерол, ЕКГ прегледи и крвен притисок. Резултатите ќе се добиваат веднаш од кој може да се види каква е здравствената состојба на пациентот, вели Вучковиќ.

најчитано сега