Велес: Одбележани 64 години од загинувањето на борците во Граѓанската војна во Грција

 

Делегации на општината, здруженија на Maкедонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата спроти Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, каде беа одбележани 64 години од загинувањето на борците од Егејска Македонија кои живееле во Велес, а своите животи ги дале во Граѓанската војна во Грција која траеше од 1946 до 1949 година.

- Ние евиденцијата ја правевме од сеќавањето и податоците кои ни ги дадоа потомците, а многу ми е жал оти сигурно некои се и заборавени, потенцира Бошко Божинов, претседател на Здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“.

Во граѓанската војна во Грција, ДАГ броела 35.000 војници, а во која дури 15.000 биле Македонци. 

ФОТО: Ласица

најчитано сега