Македонската полиција на нозе: Исчезнаа 4 лица - меѓу нив малолетник

Полицијата е на нозе, четири лица исчезнаа исе трага по нив.

Во 14 часот и 30 минути во Полицијата во Куманово, 33-годишниот Р.Ц.од селото Младо Нагоричане-Куманово, пријавил дека претходниот дена во 10 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко. Се работи за  63-годишниот М. Ц. по кого полицијата трага.

Исто така, во 14 часот во Куманово, 67-годишниот А.З. од селото Черкези пријавил дека на 24 месецов околу 15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга  44-годишната Е.Ф. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во 12 часот во Полицијата во Гостивар, 53-годишниот С.Б. од селото Србиново-Гостивар, пријавил дека на 26. околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка, а истиот ден и  К.П. од Радовиш, пријавила дека околу 06  часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг. Се работи за  52-годишниот Г.П. 

Полицијата трага интензивно по лицата.

 
 
01.07.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега