Излетал од патот па удрил во ограда: Страшна несреќа на автопатот Скопје-Велес

На автопатот Скопје - Велес пред паратината кај Кадиски мост вчера околу 23 часот и 30  минути се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „поло“ управувано од 27-годишниот М.М. најпрво удрило во браникот, а потоа излетало надвор од коловозот по што удрило во метална ограда.

Возачот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде му е констатирана тешка телесна повреда поради што е задржан на понатамошно лекување. 

Се работи на случајот.

 
 
30.06.2016 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега