Банкар од Тетово подигнувал кредити на туѓи имиња
30-годишниот Ш.К. од Тетово вработен како работник за доделување на кредити во „Уни Банка“ и 29-годишниот А.Б. вработен како референт во Банката, заработија кривична пријава за злоупотреба на службената положба и измама.
Тие подготвиле документи и подигнале кредит на име други лица во износ од 300.000 денари, а откако на лицата им стигнало судска покана за неплатен долг за кредитот од Уни Банка, случајот го пријавиле во полиција.