Куманово: За да избегне казна со своето возило 30 метри влечел полицаец

 

Пред два дена во Куманово полициски службеници запреле возило со кумановски регистерски ознаки, управувано од страна на 34-годишниот Д.И. кој нелегално превезувал печурки.

Во обид да не заработи казна и да и избега на полицијата, кумановчанецот додека левата рака на еден од полициските службеници била заглавена помеѓу седиштата и вратата на возилото, тој го запалил возилото и тргнал, влечејќи го  полицаецот цели 30 метри.

Полицаецот за среќа успеал за кратко време да се извлече, но се здобил со сериозни телесни повреди.

Кумановчанецот уште истата вечер бил фатен.

најчитано сега