Груевски: Не се согласуваме со решение за спорот со името кое зафаќа во идентитетот и јазикот на Македонците

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска одговарајќи на пратеничкко прашање во Собранието го повтори ставот во однос на прашањето за разликите за името со Грција.

- Главниот проблем во овој момент е што и ние и самиот медијатор има проблем да се разговара и тоа е лесно видливо. Така што главниот проблем е воопшто да се воспостави дијалог за ова прашање, рече премиерот Груевски одговарајќи на пратенички прашања како и секој последен четврток во месецот.

- Нашиот став е дека сакаме да се надмине овој проблем и дека тој е напишан во нашата програма за изборите. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со какво било решение кое ќе предвиди и промена на Уставот, со цел промена на уставното име, решение кое зафаќа во идентитетот на македонскиот народ, јазикот и нацијата и дека нема да се дозволи какво било решение да се донесе без претходно организирање голем референдум на кој сите граѓани ќе го дадат своето мислење, истакна Груевски, додавајќи дека секогаш кога има можност да се разговара секогаш е во согласност со она што е искажано во програмите со кои излегле пред народот.

- Се она што правиме е во интерес на Република Македонија, во итнерес на граѓаните и во тој правец се однесуваме мошне внимателно и со длабока доза на анализа за секој чекор што треба да се направи, истакна премиерот Никола Груевски.

најчитано сега