Големината не била важна - еве што бараат жените во кревет

 

По многуте истражувања колку големината на машкиот полов орган е важна за сексот, заклочокот е конечно јасен. Постојат жени на кои големиот пенис им е дополнителен афродизијак и им пружа екстра задоволсво, но и такви за кои големината не е воопшто важна, па дури големиот полов орган може да биде и проблем. И додека мажите сеуште ја мерат својата гордост, жените укажуваат на сосема други параметри кои се далеку поважни во задоволувањето на една жена.

Хигиена

Мажот кој не се грижи за својата хигиена може да го има најголемиот пенис на светот, но ниту една жена нема да го посака во својата близина. Освен личната хигиена, жените во спалната соба сакаат чист простор и чисти места каде ќе се случува сексот. Просечен маж ја менува постелнината на секои 3 месеци, велат истражувањата, а тоа за жените е навистина одвратно.

Издржливост
Не е работата во големината, туку во техниката и издржливоста. На жените им е важно мажот да може да издржи во сексот подолго од 2 минути, а тогаш е многу помалку важно колку сантиметри поседува.

Јазик
Кој нема во должината, има во јазикот. Жените, за среќа, многу повеќе ги ценат оралните вештини на мажите отколку должината, покажаа најновите истражувања.

Утрото потоа
Начинот на кој мажот се однесува после сексот говори многу за него. Ако само ја избрка жената од креветот, не му вреди ниту најголемиот пенис. Оној кој се милува и внимава на својата партнерка е многу подобар љубовник, дури и ако не е баш надарен.

 
 
15.06.2016 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега