Македонски уметници се закитија со три интернационални награди
Париската галерија Du Colombier во соработка со европската престолнина на културата Умеа 2014 на почетокот на годинава распиша конкурс на тема „Заедно во хармонија“ за награди за сликарство, фотографија и скулптура.
Од вкупно девет предвидени награди, три им припаднаа на македонските уметници. Јован Балов доби прва награда за сликарство, а Сашо Саздовски прва за скулптура. Трета награда за сликарство освои Пандора Апостолоска Саздовска.
Наградените автори ќе имаат можност да се претстават со самостојни изложби во галеријата Du Colombier и ќе бидат вклучени во ликовната програма на европската престолнина на културата Умеа 2014.
ФОТО: Дојче Веле