Истекува рокот за барање субвенции за продадено млеко

 

На 30 месецов истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од октомври до декември 2012 година.

Барањата се поднесуваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. 

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска височина поголема од 700 метри.

Агенцијата ги потсетува земјоделците и за можноста да поднесат барање за помош за премии за осигурување и тоа за осигурано примарно земјоделско производство со следните максимални површини: за лозови и овошни насади до 10 хектари, за градинарски култури до 2 хектари, за тутун до 2 хектари, за житни култури до 20 хектари и за пчели до 100 пчелни семејства.

 

најчитано сега