Осум лица се повредени во сообраќајката кај Гостивар - меѓу нив има има и деца

 

Во сообраќајната незгода која се случи пред околу два часа кај Гостивар, сепак се повредени 8 лица, меѓу кои има и деца, потврдуваат од МВР за Курир.

-Станува збор за судир меѓу „Голф“ со италијански регистерски таблички, „Опел Астра“ со кумановски ознаки и „Пежо 207“ со охридски таблички.Во несреќата повредени се вкупно 8 лица, од кои четири се здобиле со посериозни повреди. Меѓу повредените има и две малолетни деца, изјави за Курир Јосифоски.

Две лица се пренесени на скопските клиники поради сериозноста на повредите.

Увидот е во тек.

најчитано сега