Засекогаш ќе го паметат доаѓањето во Македонија - ограбени туристи од Африка останаа без 1100 евра
Вчера околу 19 часот и 30 минути на патот Мамутчево-Иванковци во Велес, биле нападнати и ограбени седум лица од Африка, кои се во посета на Македонија.
На патот застанало засега непознато возило со зелена боја од кое излегле четири насилници кои побарале туристите да им ги дадат парите. Еден од насилниците во еден момент извадил нож кој му го ставил на вратот на Ч.Ј. од Сиера Леоне, при што од сите илегалци кои биле исплашени за својот живот одзеле 1100 евра.
Пред да заминат вандалите ги натерале Африканците да легнат на земја по што избегале во непознат правец.
Се превземаат мерки за откривање на сторителите.