ФОТО: Охриѓанец кој крадел што му дојде при рака од амбуланти и продавници заврши зад решетки
Охриѓанец си заработи кривична пријава бидејќи крадел низ амбуланти и продавници во Охрид. Се работи за 38-годишниот А.К. кој извршил шест кражби поради што заврши зад решетки.
Кражбите ги извршил во почетокот на месецов во неколку ветеринарни амбуланти, продавници, сервиси како и во една нотарска канцеларија. Арамијата земал пари и други ситни предмети кои ќе му дојдат при рака.
Тој со помош на штрафцигери и друг погоден алат дејствувал на бравите, па влегувал, вршел пребарување и потоа го одземал тоа што ќе го најде.
По извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа дел од подесниот алат со кој е извршено разбивањето на вратите.
Крадецот од претходно и е познат на охридската полиција како сторител на кривични дела.
ФОТО: Курир