Струмичанец се обидел да запали возило па нападнал полициски службеници
57-годишниот Т.Ј. од Градско Балдовци заработи кривична бидејќи заедно со својот 57-годишен брат Ѓ.Ј. се обиделе да спречат полицајци да си ја вршат работата.
Настанот се случил при обид полициски службеници да извршат контрола над товарно возило натоварено со огревни дрва управувано од Т.Ј. на кое биле поставени регистарски таблици од друго возило, при што Т.Ј. почнал да ги навредува и со бензин го испрскал возилото со намера да го запали, но бил спречен, по што со дрвен предмет го оштетил предното стакло од возилото.
По ова на самото место пристигнал и неговиот брат Ѓ.Ј. кој се обидел да ги растовари дрвата, а откако бил спречен истиот им упатил на полицајците закани по животот и телото.