Стотина исечени борови стебла запленети во Штип

 

Во Штип биле запленети две запреги натоварени со 90 парчиња борови стебла, исечени од атарот на манастирот Света Недела.

Кубиците дрва биле откриени во  двор  на  улицата „Широк дол „ каде требале да бидат продадени за 6500 денари, на штипјанец кој градел куќа на местото. 

Се  работи за лице од ромска националност кое од порано им било познато  на органите на прогонот како дрвокрадец.

Полицијата ќе истражи дали и други лица биле вмешани во кражбата на дрва.

ФОТО: Дневник

најчитано сега