Бебето Најден ја загуби битката со животот
По долгомесечната битка за живот, за жал оваа сабота почина бебето Најден, пренесе порталот Плусинфо.
Малиот Најден кој беше пронајден во Арачиново во саботата во три часот ја изгубил битката со животот.
- „Почина поради тоа што му попушти срцето“, објаснува за Плусинфо, директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова.
Инаку, Најден беше пронајден во Арачиново со отсечено јазиче и модринки по целото тело. За него на нозе се крена цела Македонија. Беа организирани поголем број хуманитарни акции за да му се помогне.
Нека почива во мир!