Скопјанка прегази двајца пешаци со својот автомобил
Вчеравечер на Јужен булевар околу 23 часот жена-возач прегазила две лица со својот автомобил марка Матиз, дознава Курир.
Несреќата се случила кога скопјанката Б.В. со својот автомобил удрила во двајца пешаци, маж и жена, од кои едниот се здобил со полесни, а другиот пешак со потешки повреди.
На повредените им е укажана лекарска помош.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
ФОТО: Евести