Сезонава девет давеници спасени на македонските езера

Спасителите на македонските плажи досега спасиле 9 давеници. Се работи за 8 давеници на Охридското Езеро и еден давеник на Дојранското Езеро.

Поради невнимателно скокање како и возење педалинки, имало борјни лица кои скршиле нешто или посериозно се повредиле.

-  Морам да апелирам во Струга имаме најголем проблем со педалините тоа ни го кажуваат спасителите од Струга. Има голем број педалини  кои што не го почитуваат начинот каде треба да се движат и како треба да се однесуваат. Одат во делот каде истекува Охридското езеро во Црн Дрим и најголем број инциденти се таму случени , вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид, за Канал 5.

-  Пропишано е во законот од 1 ви јуљи  како што е договорот овде на локално ниво сите плажи сите концесиоенри треба да имаат воспостваено услови за безбедно капење спорт и рекреација, ,додава Точков, за Канал 5.

најчитано сега