"Дај ми 1500 евра или сите ќе ја видат твојата порно снимка" - радовишанец уценувал сограѓанка
Радовишанец си заработи кривична пријава поради тоа што уценувал своја сограѓанка.
Се работи за 40-годишниот Н.Ј. од Радовиш кој во повеќе наврати телефонски и се заканувал на 33-годишна сограѓанка дека ќе објави нејзина видео-снимка со порнографска содржина. За да не го стори тоа тој од неа барал 1.500 евра.
Пред неколку денови од нејзиниот сопруг радовишанецот земал 500 евра со цел да ја уништи видео-снимката.