Скопје: Јадел и пиел но не сакал да плати сметка па го нападнал обезбедувањето

 

Синоќа по полноќ се случила физичка пресметка во кафе-барот Салун, откако еден од гостите сакал да си се нагости, а да не даде пари.

Се работи за гостинот В.П. кој одбил да ја плати сметката која му ја донел келнерот, па решил и физички да се пресмета со обезбедувањето. 

Бесниот гостин на обезбедувањето му нанел расекотина во пределот на лицето.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

ФОТО: Дневник

 

најчитано сега