Никола Србов: Шарената револуција е шарен напад

 

Шарената револуција всушност е шарен напад врз Македонија. Историчарот, м-р Никла Србов, во интервју за Прес24, вели дека во Македонија нема внатрешен „револуционеррн“ отпро, туку инсталиран надворешен напад и сето она што се случува во државата, може да се дефинира единствено како „шарен напад, а не шарена револуција“.

-Народот никогаш не се кревал на револуција кога имало напредок во државата, високите даноци биле иксрата која ги палела револуциите кои, во одделни примери, од социјални преминувале во национални. Историски гледано денеска во Македонија ги имаме најниските даноци, не се идеални, но се создадени солидни услови за работа, државата неколку години наназад има висок раст на економијата, се намалува невработеноста и се создаде соодветна бизнис клима, со што Македонија ја забетонира својата самостојност. Токму во момент на напредок државата се најде на удар. Тоа е доволна индикација дека наводниот револт и „револуција“ не доаѓа од внатре, тоа индицира дека ударот е инструиран од надвор, од субјекти на кои не им оди во прилог напредокот и економското осамостојување на Република Македонија, затоа немаме „револуција“ туку сме под напад, вели Србов за Прес24.

Тој потенцира дека денешните политичари на опозицијата не се свесни за нивната историска одговорност и не бираат средства за резлиација на нивните сценарија.

-За опозицијата ова е политичка битка, едноставно битка да дојдат на власт, во таа битка за власт тие не бираат средства, мислејќи дека атакуваат врз владеачката партија тие всушност удираат врз државата, во тој момент битката преминува во борба за зачувување на државноста и суверенитетот на Република Македонија. Притоа не сакам да бидам сфатен дека ставам равенство помеѓу власт и држава, но гледам дека опозицијата ја преминува оваа линија во својот напад, вели Србов во интервјуто за Прес24.

-СДСМ не само што не се дистанцира од радикалите, туку напротив, тие заедно делуваат, секој ден ги гледаме заедно на насилните протести, на крајот, тие се и во коалиција преку граѓанските здруженија чии членови се во раководството на оваа радикална партија. Взаемната соработка ќе води кон взаемно синхронизирано делување и во иднина, поточно користење на исти методи. Но сепак мислам дека Заев, не бирајќи средства за доаѓање на власт, во своите редови би прибрал и некоја македонска „Златна зора“, затоа велам дека „шарениот напад“ има една цел – дестабилизација на Македонија, таму нема ни идеологии ни правдини, единствено интересот ги собира сите на едно место, вели Никола Србов во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Велат Македонија не памети ваква поделеност на македонскиот народ во историјата. Дали овој период сега, оваа политичка криза ќе остане еден негативен дел од историјата на Македонците?

СРБОВ: Последен пат ваква поделеност помеѓу Македонците сме имале во периодот помеѓу двете светски војни, во тој период недоразбирањата се решавале со физички ликвидации, и тогаш како и денес поделеноста била поттикната од странски фактор. Разликата е во тоа што тогаш немавме што да изгубиме, сега имаме, можеме да ја изгубиме државата. Тогаш паднаа најмалку 4000 жртви помеѓу Македонците, денес некој треба да се запраша дали е спремен на вакво нешто и дали сака да го втурне својот народ во братоубиствена војна.

Секоја поделба е негативна, историјата е безмилосна таа ги исфрла на површина сите фактори, и позитивни и негативни. Јас не сум сигурен дали одредени политичари во Република Македонија се свесни за историската одговорност која ја носат, не сум сигурен дали помислуваат како историјата ќе ги памети. Добар политичар е оној кој внимава како ќе го запише историјата бидејќи во иднина ќе не ценат преку она што сме го направиле, а не преку она што сме го кажале. Низ историјата имаме многу примери каде  политичари декларативно се залагале за една идеја истакнувајќи пароли под кои спроведувале друга агенда, денешниве политичари треба да се свесни за тој момент, историјата ќе ја изнесе на виделина агендата која ја спроведуваат.

ПРЕС24: Како ја оценувате оваа политичка состојба во Македонија веќе две години. Како политичка битка, или како национален предизвик. Ве прашувам во контекст на ставовите на опозицијата дека ова е битка за демократијата и на ставовите на власта дека ова е битка за државноста?

СРБОВ: За опозицијата ова е политичка битка, едноставно битка да дојдат на власт, во таа битка за власт тие не бираат средства, мислејќи дека атакуваат врз владеачката партија тие всушност удираат врз државата, во тој момент битката преминува во борба за зачувување на државноста и суверенитетот на Република Македонија. Притоа не сакам да бидам сфатен дека ставам равенство помеѓу власт и држава, но гледам дека опозицијата ја преминува оваа линија во својот напад. Во моментов амбасадорите имаат прегоелмо влијание во политичкиот живот во државата, а лидерот на опозицијата слепо ги следи нивните директиви, со тоа Заев ни дава до знаење дека доколку тој застане на чело на државата истата ќе биде водена од странските амбасади, де факто ќе бидеме протекторат. Немојте да очекувате доколку СДСМ дојде на власт дека ќе се спротистави на одредена странска директива, едноставно тие го донеле на власт и тој ќе го спроведува она што е во нивен интерес. Не знам дали Заев е свесен дека во политиката нема пријатели, има само интереси, притоа зборувам за државни интереси не за лични.

Дипломатите не ги интересираат нашите национални чувства, како што нас не нé интересираат нивните национални чувства, нив ги интересира да подготват терен за сопствениот интерес, потребно им е Балканот да биде синхронизиран со нивната политика кон емигрантите и тука нема емоции, затоа Нимиц решавањето на спорот со името го става во корелација со емигрантите на јужната граница, веќе неколку пати кажав дека Грција ги има емигрантите како најсилно оружје кон Македонија. Во моментов амбасадорите се однесуваат како странските дипломати во Македонија во XlX век, и тие ќе се однесуваат така и во иднина, нивната задача е да вршат притисок врз државата во корист на интересите на сопствените држави, проблемот настанува доколку наидат на вазален субјект внатре во македонската политичка сцена, во моментов нивниот вазал е Зоран Заев заедно со сите партии и невладини организации околу него.

Кога сте нападнати од надвор, напад кој се спроведува преку одредени политички субјекти внатре во државата и дел од невладиниот сектор, тогаш тоа е борба за зачувување на државноста и суверенитетот на државата. Некој ќе каже дека се бори против нечиј криминал, но каква е таа борба против криминал кога го внесуваш волкот во трлото.

ПРЕС24: Зошто на удар се најдоа спомениците во акциите на „шарената револуција“, а не и некои други објекти што се дел од серијата проекти на власта?

СРБОВ: Прво сакам да кажам за терминот „револуција“ и „револуционери“ бидејќи мораме да внимаваме на терминологијата. Сите револуции низ историјата произлегувале од внатре од народот кој живее во соодветната држава во која се крева револуцијата, тие можат да бидат инспирирани од некои глобални текови и револуции, како што биле Француската револуција и Октомвриската револуција, но никогаш не се случило една држава да крева „револуција“ во друга држава, тоа не е револуција тоа е напад, па така „шарената револуција“ повеќе ја гледам како „шарен напад“. Народот никогаш не се кревал на револуција кога имало напредок во државата, високите даноци биле иксрата која ги палела револуциите кои, во одделни примери, од социјални преминувале во национални. Историски гледано денеска во Македонија ги имаме најниските даноци, не се идеални, но се создадени солидни услови за работа, државата неколку години наназад има висок раст на економијата, се намалува невработеноста и се создаде соодветна бизнис клима, со што Македонија ја забетонира својата самостојност. Токму во момент на напредок државата се најде на удар. Тоа е доволна индикација дека наводниот револт и „револуција“ не доаѓа од внатре, тоа индицира дека ударот е инструиран од надвор, од субјекти на кои не им оди во прилог напредокот и економското осамостојување на Република Македонија, затоа немаме „револуција“ туку сме под напад.

Во 455 година германското племе Вандали го осквернави Рим, влезе во него, го разруши и излезе, не знаеше што да прави внатре во градот. Тоа е запишано во историјата, од таму произлегува терминот „вандализам“. Без разлика дали некому се допаѓа или не еден споменик, дали тој од уметнички аспект е идеален или полн со грешки, два милиони жители се два милиони вкусови и критериуми, јасно е дека на дел од граѓаните нема да им се допадне, но тој споменик, кој и да е, оддава почит на некоја наша историска личност која е втемелена во држаноста на Македонија, симболиката и намената на спомениците е таа. Доколку вие посегнете да сквернавите спомен обележје, вие не удирате по авторот или мецената, вие удирате и ја сквернавите личноста на која се оддава почит со тоа спомен обележје. Историјата нема да го памети авторот и неговите евентуални грешки, таа ќе го памти оној кој го изградил и оној кој го урнал споменикот. Сквернавењето на спомениците и селекцијата кои да бидат уништени само го потврдува она што го кажав погоре. Случајно или не, на удар се најдоа спомен обележја кои ги претставуваат најважните моменти од нашата историја благодарение на кои сме стигнале до она што го имаме денес, а тоа е сопствена држава.

ПРЕС24: Меѓу најжестоките на протестите беа претставниците на левицата, политичко движење активно во Македонија. Нивните ставови се идентични со оние крајно леви радикални позиции на некои европски политичари. И методите на дејствување се веќе видени, во Грција, Шпанија, Словенија... Но историски гледано ваквите револуционерни процеси секогаш се коселе со демократските вредности. Не е ли парадоксално тоа што се случува во Македонија и наивно да се верува во него?

СРБОВ: Токму припадниците на „Левица“ учествуваа во сквернавењето на споменикот со кој се оддава почит на Првото заседание на АСНОМ, сите личности кои се претставени на тој споменик, освен еден, на крајот завршија по југословенските затвори и логори. Доколку имаме в предвид дека „Левица“ на својата прес конференција истакна дека нејзините темели се наоѓаат во КПМ односно СКМ, тогаш ни станува јасно зошто беше осквернавен тој споменик, тие луѓе кои ги удрија темелите на современата македонска држава на Првото заседание на АСНОМ подоцна беа затварани, убивани и дискредитирани од Сојузот на комунисти на кој се повикува „Левица“. Контрадикторно е тоталитаристи со тоаталитарстички идеи и матрици да зборуваат за демократија. Комунизмот и нацизмот од денешен аспект, и што тие оставија зад себе, се на исто рамниште. Линијата на која се распослани идеологиите не е права, таа е кружна, најгоре се спојуваат двете тоталитаристички идеологии, крајната левица – комунизмот и крајната десница – нацизмот. Не барајте демократија кај тоталитарци.

ПРЕС24: Ако СДСМ ги поддржува радикалните левичари во Македонија, односно не се дистанцира од нивните методи на дејствување, дали тоа не е сигнал за драстична промена и на политиките на најголемата опозициска партија со ова ново раководство?

СРБОВ: СДСМ не само што не се дистанцира од радикалите, туку напротив, тие заедно делуваат, секој ден ги гледаме заедно на насилните протести, на крајот, тие се и во коалиција преку граѓанските здруженија чии членови се во раководството на оваа радикална партија. Взаемната соработка ќе води кон взаемно синхронизирано делување и во иднина, поточно користење на исти методи. Но сепак мислам дека Заев, не бирајќи средства за доаѓање на власт, во своите редови би прибрал и некоја македонска „Златна зора“, затоа велам дека „шарениот напад“ има една цел – дестабилизација на Македонија, таму нема ни идеологии ни правдини, единствено интересот ги собира сите на едно место.

Најконтрадикторното е тоа што радикалниве левичари се финансираат од пари на шпекулант, тоа е дури и смешно.

ПРЕС24: Сето ова Ве прашувам и во еден друг контекст. На пример „борците за демократија“ речиси секојдневно ги навредуваат сите оние кои имаат различно мислење од нив. Но, она што е уште поинтересно е што многу интензивно ги жигосуваат и притискаат и оние кои ја критикуваат власта, или се дел од опозицијата, но ќе се „дрзнат“ да кажат нешто негативно и за опозицијата?

СРБОВ: Сега се во фаза на детално поларизирање на општеството, вршат поларизација до степен на меѓусебен судир. Истите тие до вчера зборуваа за трети опции на политичката мапа во Македонија, дел од граѓаните влегоа во тие кругови верувајќи дека навистина станува збор за трета опција, токму овие граѓани кои веруваа во приказните за трета опција сега се на удар од самопрогласените „борци за демократија“, бидејќи граѓаните сфатија дека не станува збор за трета опција, слобода или демократија, туку за сурова борба за власт при што во игра се става и самата држава.

Најголем притисок трпат оние граѓани кои не се стриктно определени за некоја од опциите, врз нив се истура гневот, тие се омаловажувани и малтретирани, се принудуваат со закани да заземат страна. СДСМ игра на картата дека неопределените одат кај победникот, на тој начин сака да влее страв кај овие луѓе истакнувајќи дека „чадорот“ ќе го постави на власт, но заборавиле една многу важна работа, македонскиот народ низ годините политички созреа и повеќе не потпаѓа под закани, оној што се заканува со меч народот политички го убива со пенкало на избори.

ПРЕС24: Негде прочитав велите : „Пријатели, оваа држава е изградена со континуирана и организирана борба уште од 1876 година, државноста ја удривме во 1944 година, а независноста во 1991 година. Овој народ тука опстојува и се бори со векови. Не сме од вчера.“ Но, дали овој период може да се дефинира како ново и сериозно искушение за македонската иднина?

СРБОВ: Посочените години се есенцијални за постоењето на Република Македонија и пред се на македонскиот народ, во 1876 година започна организираниот отпор на Македонците кон Османлиската империја и балканските држави, 1944 година ја крунисавме борбата создавајќи македонска држава, 1991 година го ставивме најсветлиот дијамант на таа круна, тоа е македонската независност која била крајната интенција на борбата која започнала во 1876 година. Периодов е сериозно искушение за Македонците бидејќи постојат тенденции да се анулира цела борба која траела век и половина. Притоа тука не зборувам за физичките граници во кои опстојуваат Македонците, тие не се и никогаш нема да бидат конечни, станува збор за идентитеот на овој народ без кој и да го имаме и целиот свет во наше владеење, тој нема да биде наш бидејќи ние нема да бидеме Македонци. Се наоѓаме пред големо искушение за нашето постоење како Македонци. Јас не сакам да верувам, и не верувам, дека главнината од масата која учествува во насилието го посакува ова, но свесно или несвесно тие допринесуваат за нашето исчезнување. Македонија во 1913 година беше поделена под изговор дека на оваа територија живеат Срби, Бугари и Грци, приврзаниците на соседните земји беа столбот на поделбата, денешниве демонстранти ќе бидат столбот и поводот за она што ѝ се спрема на Република Македонија.

ПРЕС24: Може ли да ја снема Македонија, ваква како што сега ја има, по оваа политичка битка?

СРБОВ: На никој не му се веруваше дека во XXl век е можно прекројување на граници и изникнување на нови држави, но на северната граница добивме нов сосед, тој процес никогаш нема да запре, колку побрзо го сфатиме тоа толку подобро ќе превенираме. На Македонија и се случи нов рамковен договор помеѓу Македонците, верувајте, Албанците нема да седат на страна и да чекаат ние да се помириме, тие уште не го кажале својот збор, ќе излезат со свои барања кои веќе ни се познати. Барањата им се јасни, дводомен парламент, прогласување на албанскиот јазик за втор службен јазик на целата територија, добивање автономија на општините од Западна Македонија кои би биле управувани од „парламентот“ во кој Албанците ќе бидат мнозинство. Ова на сите ни е познато како кантонизација, на балканските простори кантонизацијата е стадиум пред федерализација, додека федарализацијата е стадиум пред физичка поделба на државата. Претседателот на СДСМ за сите овие точки веќе има преговарано со одредени албански партии, деновиве излезе во јавност дека Заев преговарал со БЕСА по овие прашања. Затоа пак ќе напоменам, не се бираат средства при што се поткопува државноста на Република Македонија.

ПРЕС24: Очигледно е дека македонските политички лидери не умеат сами да се разберат. За многумина странските посредници не се добредојдени, но дали не се неопходни во ваква ситуација?

 

СРБОВ: Моментално сме во пат позиција, можеме долго да зборуваме како дојдовме до оваа ситуација и кој е виновен, нападот за кој зборев погоре во одреден дел им успеа, не успеавме да се одбраниме како држава, сега за нашата држава треба да се преговара со медијаторство. Јас мислам дека странските посредници не се неопходни, бидејќи испуштаме многу важен сегмент, јас имам впечаток дека сите страни забораваат на народот, во ваква ситуација кога политиката не може да изнајде решение од овој ќорсокак, народот треба да ја земе судбината на својата држава во свои раце бидејќи суверениетот на оваа држава не извира ниту од политичарите а најмалку од странскиот фактор, носител на суверенитетот се граѓаните на Република Македонија. Доколку носителот на суверенитетот смета дека ваквата ситуација треба да се надмине на парламентарни избори, не постои субјект кој може да му го одземе тоа право. Народот може сам да иницира одржување на парламентарни избори преку кои ќе се разреши моменталната криза во која беше втурната неговата држава. И сите овие „шарени револуционери“ уште не го чуле одговорот на другата страна која е мнозинска, другата страна која гледаме дека е трпелива не го кажала ни својот прв збор, на таа страна се наоѓа целиот македонски народ кој е спремен веднаш да расчисти со вазалите. 

 
 
09.05.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега