Згасна млад живот на македонските патишта - тешка сообраќајка во Струмица

Тешка сообраќајна несреќа се случила  на патот Дабиље-Струмица, во непосредна близина на мостот на реката Струмица.  Автомобил марка Опел Кадет излетал од патот. Во возилото биле татко и дете на околу четири години од селото Босилово. 

Од непознати причини, возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал во нивите. Најверојатно се движеле во правец од селото Петралинци кон Дабиље.

На местото на несреќата пристигнала полициска екипа и јавен обвинител. Детето и таткото се префрлени во општата болница Струмица, каде е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.

 
 
06.05.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега