Срби паднаа во рацете на македонската полиција

Околу 07 часот и 30 минути на стариот пат Удово-Демир Капија, во близина на раскрсница за селото Клисура, од страна на полициски службеници, било запрено возило „Ивеко“ со српска национална ознака. Со него управувал 23-годишниот Н.Т. од Србија, при што во возилото биле пронајдени 29 лица-мигранти, од кои четири лица од Пакистан и 25 лица од Авганистан, кои биле приведени.

Против српскиот државјанин  е поднесена кривична пријава поради „криумчарење мигранти“.

Од страна на судија за претходна постапка, му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 
 
06.05.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега