Пијан го прегазил и избегал: Загина пешак во Кичево

Во 23 часот и 45 минути на улицата „Прилепска“ во Кичево се случила сообраќајна незгода во која 36-годишниот М.Д. од Кичево, управувајќи „Опел Вектра“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешаците Е.С.(54) и С.С.(54) од Кичево, а потоа избегал.

Во незгодата, Е.С. од здобиените повреди починал на самото место, додека С.С. се здобила со тешки телесни повреди.

Некаде 45 минути по полноќ полицијата го пронајде несовесниот возач и возилото. Кај него е извршено алкотестирање при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили.

По наредба на  Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

 
 
05.05.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега