Пукање во Основно училиште во скопско

Во текот на вчерашниот ден, дваесетина минути пред осум часот, Н.А. од селото Кондово пријавил дека поради нерасчистени  односи Р.А. и Ј.И. постојано психички го малтретирале неговиот син и од истиот барале пари кои не им ги должел.

Според податоците, поради оваа причина Н.А. отишол во Основното училиште во селото за да разговара со А.А. инаку татко  на Р.А. за истиот да го смири неговиот син. Сепак, таткото почнал да го навредува неговиот син и пробал физички да го нападне Н.А., но вработените го спречиле.

Подоцна околу 07 часот и 45 минути во дворот на училиштето со две возила пристигнале Ј.И. и Р.А. при што Р.А. со пиштол му се заканувал на Н.А. и откако влегле во возилата испукал еден куршум.

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

За среќа, драмата не се завршила трагично.

 
 
05.05.2016 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега