ФОТО: Ова е познатиот скопски „џепарош“ кој беше фатен на дело
СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје го предаде лицето И.А. (42) од Скопје поради основано сомнение дека на 16 овој месец на бул.„Гоце Делчев“ на автобуската постојка пред ТЦ “Мавровка“ извршил едно кривично дело – “џепна кражба“ по чл. 235 од КЗ на РМ.
Имено пријавениот И.А. околу 12,15 часот на бул.“Гоце Делчев“, поточно на автобуска постојка пред Т.Ц. Мавровка, додека оштетениот Р.М. од село Бојане се качувал во автобус бр. 56, со протнување рака во неговиот заден десен џеб од фармерките му го одзел паричникот.
Меѓутоа истовремено пријавениот бил забележан од оштетениот по што настанала турканица во обид оштетениот да си го поврати новчаникот. Пријавениот И.А. од страна на ПС од одделот за џебни кражби бил опсервиран и од нивна страна забележан како одземениот новчаник го скрил во неговата кошула која ја носел префрлена преку левата рака по што истиот е фатен и приведен во ПС ОН ,,Бит Пазар“ каде е извршен службен разговор. Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот И.А. се одземени еден машки новчаник кафеава боја, 400 денари, лична карта, возачка дозвола, италијанска дозвола за престој сите на име на оштетениот, и друга лична карта и истите со потврда за вратени предмети се вратени на оштетениот Р.М. Со наредба од Истражен судија за вршење на претрес на дом и други простории, извршен е претрес во домот на пријавениот И.А., при што од извршениот претрес не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела.
Лицето И.А. минува во крим евиденциите на СВР Скопје за извршени повеќе кривични дела ,,кражби“ по чл. 235 од КЗ на РМ, при што му се изречени парични казни како и казни - затвор .