Гостивар: Му украле 100 евра и 2000 франци
Непознати сторители украле од домот на гостиварецот Н.А.(52), евра и швајцарски франци, информира СВР Тетово.
Кражбата најверојатно се случила синоќа во периодот од 19 и 30 до 22 часот, кога домашните биле излезени од домот. Непознатите провалиле во куќата на Н.А. на улицата „ЈНА“ со насилно отворање на влезната врата. По пребарувањето, тие од куќата заминале со плен, кој според сопственикот се состоел од сто евра и две илјади швајцарски франци во разни апоени.
Полицијата извршила увид и трага по сторителите.