Градоначалникот Митевски во увид на ветените проекти во Македонска Каменица

Денес, градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарско Митевски изврши увид во динамиката на реализацијата на неколку од започнатите проекти во Македонска Каменица. Градоначалникот Митевски оствари посета и увид во активностите на новото детско игралиште, изградбата на тениските терени, „Куќата на спортот“, Домот за лица со посебни потреби, Улица бр.2 и Домот на култура, при што доби уверување дека сите проекти ќе бидат реализирани во договорениот рок. 

Во моментов, во Македонска Каменица, покрај наведените, започнати се или наскоро ќе започне реализацијата на уште триесетина проекти, меѓу кои се и изградбата на неколку улици во централното градско подрачје, изградба на патишта во руралните средини (Саса, Моштица, Косевица, Цера, Дулица), уредување на кејот на долниот дел од Каменичка река, уредување на зелените градски површини и низа други.

Реализацијата на сите овие проекти, освен подобрувањето на квалитетот на живот во Македонска Каменица, силно влијаат и врз развојот на локалната економија и намалувањето на невработеноста.

 

 

 
 
30.03.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега