Убави вести за наредните денови
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пораст на температурата. Најтопло ќе биде во петок и сабота кога максималната температура ќе се движи помеѓу 20 и 26 степени.
30.03.2016 - 08:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа