Општина Кисела Вода ги повикува компаниите да достават податоци за изготвување регистар на фирми

Поради взаемен интерес и на општината и на компаниите, општина Кисела Вода упатува повик до сите фирми и претпријатија на оваа територија да достават кус текст за профилот на компанијата, со цел изготвување на регистар на компании од овој дел на градот.

Евиденцијата на правните субјекти е во насока на унапредување на деловната клима и бизнис опкружувањето, како и на поттикнувањето на деловното планирање на секој потенцијален инвеститор.

По неговото изготвување, регистарот на фирми и претпријатија ќе биде достапен на веб страницата на општина Кисела Вода.

На овој начин, со взаемно интегрирани сили, правиме заеднички чекор до брза и ефикасна комуникација.

Краткиот текст за профилот на  компанијата треба се испрати на следната е-маил адреса:[email protected]

 
 
28.03.2016 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега