Главоболки, настинки, хронични болести - за што се бара совет на Ало Докторе?

На телефонската линија „Ало докторе“ минатата една недела совет побарале  1.218  граѓани.

Од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 од септември 2014 до вчера имало вкупно 84.109 повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори  вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки,  симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите оние лица кои побараа медицински совет им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

 
 
28.03.2016 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега