Утрово температури под нулата: Нека не ве лаже сонцето, овие градови мрзнат

Времето утрово е сончево со умерена облачност. Понекаде дува слаб променлив ветер.

Минимални температури утрово се измерени во Берово и тоа -4, Лазарополе, Маврово, -3 Крива Паланка, -2 Прилеп, Претор, Битола, Крушево, -1 Тетово, Куманово, Охрид, Дебар, Д. Капија, 0 Штип, Виница, Струмица, Скопје, Пожар, Пожаране, 1 Ѓуриште, 4 Гевгелија.

Претпладне времето ќе биде сончево, само на запад со мала до  со умерена облачност. Од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена  облачност и ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата до 15 степени.

 

 

 
 
28.03.2016 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега