Температурите одат во минус: Какво време не очекува за викендот

Викендов се на се ќе ни пружи релативно добри метео услови, иако нема да биде топло како што тоа беше случај во текот на минатиот викенд, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Сабота ќе биде претежно ведра наутро, но попладне и вечер се очекува значително наоблачување кое сепак нема да резултира со врнежи.

Недела наутро ќе биде претежно облачно, а околу пладне облачноста значително ќе се намалува. Попладне очекуваме подолги сончеви периоди.

Максималната температура ќе биде релативно ниска во сабота. Ведрото и релативно тивко утро ќе услови пад на температурата во дијапазонот од -4°С до 0°С во поголем дел од котлините низ земјава.

Неделното утро пак, ќе биде потопло благодарение на облачноста која се очекува во текот на ноќта во сабота и утрото во недела

В сабота температурата ќе достигне максимум помеѓу 10°С и 12°С во котлините во северниот и западниот регион, а на југоисток околу 13°С.

 

Недела во однос на сабота ќе биде за околу 2°С потопла.

 
 
25.03.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега