Зимата не сака да си оди: Утре врнежи од снег
Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде што на планините врнежите ќе бидат и од снег. Ќе дува ветер од северен правец, долж Повардарието повремено и засилен.
Утринската температура ќе се движи од пет до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје слично време, облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во петок ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 14 степени.
Од сабота се очекува стабилно време. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти и под нулата, а дневната ќе бележи постепен пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа