Иванов следната недела ќе се сретне со Давитковски

 

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов идната недела ќе се сретне со професорот Давитковски кој денеска до неговиот кабинет достави оставка од местото претседател на Комисијата за случувањата во Собранието на 24 декември.

- Комисијата работеше постојано, има изготвено и препораки, но навистина не знам за што станува збор, рече шефот на државата по посетата на Сеизмолошката опсерваторија. Иванов додаде дека поради други обврски не можел да се сретне со Давитковски.

Во однос на одговорот од грчкиот премиер Самарас, Иванов уште еднаш го повтори ставот изнесен пред неколку дена кога во посета на Македонија беше словенечкиот претседател Борут Пахор. - Немаме со кого да дојдеме до решение. Се избегнува дијалог, а само така може да се надминат несогласувањата. На секоја наша иницијатива добиваме негативен одговор од грчката страна, истакна Иванов.

 

најчитано сега