Собранието на РМ: Оспорувајќи го законодавниот дом, Јанева го руши сопствениот легалитет

Денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за наводната нелегитимност на клучните инстистуции на државата претставува врв на еден несмасен потценувачки однос заради што истиот најостро се осудува. Личноста што беше консензуално изгласана во македонскиот законодавен дом, оспорувајќи го неговиот легитимитет добиен од народот на фер и демократски избори, всушност најдиректно го руши сопствениот легалитет.

sobranie1-golema

Ова се наведува во реакцијата на Собранието на Република Македонија на денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која рече дека нема да оди во Парламентот и на седницата на Советот на јавни обвинители да го образложи Извештајот за шестмесечната работа на Специјалното јавно обвинителство.

– Јанева со овој последен однос, најдиректно придонесува и за натамошно рушење на сопствениот професионален имиџ, со што, иронично, таа самата најмногу работи институцијата што ја раководи забрзано да чекори кон сопствената нелегитимност. Оспорувањето на клучните институции и нивното непочитување претставува опасна игра која може да го доведе во прашање функционирањето на државата. Собранието на Република Македонија сака да верува дека ова е само еден од лошите денови на Јанева, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија.

 
 
22.03.2016 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега