Итно ги донеле на Ургентен: Скопјани преживеале хорор среде улица

Ноќеска околу 1 часот по полноќ  во Ургентен центар-Скопје, биле донесени повредени 20-годишниот С.С. кој управувал возило “Ауди“ со скопски регистарски ознаки и 21-годишниот В.М.  кој управувал возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, двајцата од Скопје. 

Според податоците од македонското МВР, тие на обиколницата, од клучка Мирковци кон клучка Визбегово, биле физички нападнати од страна на пет непознати машки лица, кои управувале со возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.

 С.С. се здобил со телесни повреди, а В.М. се здобил со фрактура на носот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 
 
22.03.2016 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега