Кичевчанец починал на лице место: Изгубил контрола, удрил во билборд и излетал од возилото

На магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајка во која возило Опел-Вектра управувано од 26-годишниот А.А. од Кичево при претицување друго возило, загубило контрола, се извртело и удрило во билборд. Од ударот од билбордот возилото повторно се извртело, по што возачот и сопатникот излетале од него, а автомобилот удрил во друг паркиран автомобил. 

Според податоците од полицијата, возачот починал на лице место, додека сопатникот со тешки повреди е пренесен на Ургентен. Се работи за 26-годишниот кичевчанец А.Л. за чиј живот се борат лекарите.

Починатиот е предаден на семејството за погреб.

 

 
 
22.03.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега