Ќе се зајакнува заштитата на децата и пристапот до социјални услуги
„Преку социјални договори до одржливост“ е насловот на проектот кој ќе биде презентиран денеска, а е во насока на обезбедување поволна правна средина за социјални договори во областа на заштитата на децата и давањето социјални услуги.
На ваков начин треба да се овозможи долгорочна финансиска одржливост на граѓанските организации и да се подобри ефикасноста и пристапот до социјални услуги.
Проектот е финансиран од ЕУ, а ќе се спроведува преку СОС Детско село Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Заводот за социјални дејности...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа