Тодоров: Со проектот „Рурален доктор“ се посетени 538 населени места

Проектот „Рурален доктор“ овозможи  во 309 населени места да се отворат 309 пунктови и да се посетуваат 538 населени месат каде граѓаните немаат доктор. На овој начин покривме територија во која што живеат 360.000 жители, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

-Досега од почетокот на проектот се прегледани и добиле здравствена услуга над 160.000 жители во Р. Македонија  преку проектот „Рурален доктор“, рече Тодоров.

Тој посочи дека и проектот „Подвижни аптеки“ е доста успешен.

-Со проектот „Подвижни аптеки“ се опфатени 304 населени места кои што покриваат население од 50.000 жители. Доделени се 6 лиценци и некаде сме на 25 % во целиот проект. Во наредниот проект ќе доделуваме уште лиценци за да ја покриеме целата територија на Р.М, истакна Тодоров.

 
 
20.03.2016 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега